Патничкиот воз од Велес за Кочани вчера излетал од шините – нема повредени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Патнички воз кој сообраќал од Велес кон Кочани вчера попладне излетал од шините, пишува СДК.мк.

Имено, несреќата се случила околу 17:20 часот на делницата од Велес кон Штип, во делот на Овче Поле, а според неофицијални информации нема повредени лица.

Од Македонски железници АД Транспорт го потврдуваат случајот и велат дека се работи на санирање на штетата.

Железничкиот сообраќај од и кон Кочани од вчера попладне е во прекини.