Патниците на возот на релација Пловдив – Димитровград, морале да помогнат и да ја турнат локомотивата за повторно да проработи.
На тргнување од Пловдив, машиновозачот ги известил патниците дека се соочуваат со проблем, односно дека локомотивата не може да се контактира на електричната мрежа, и дека мора да се помести за неколку метри.
„Патниците го турнаа возот 20 метри, и за среќа тој проработе, се вклучи на електричната мрежа, и тргнавме“, напиша Јорданка Николова, позната пистелка и блогерка во Бугарија која била на возот.
