Аеодромот во Виена од утре нуди тестирање на патниците кои ќе пристигнат во таа земја со авион, се со цел да се избегне 14-дневниот карантин. Меѓутоа тоа „задоволство“ ќе ги чини 190 евра.
Во Виена не може да се влезе без тестирање, кое не е постаро од четири дена, или веднаш се оди во 14-дневна изолација. За да се избегне тоа, аеродромот нуди вакво тестирање, а ќе биде овозможено и тестирање за оние кои ја напуштаат Виена, за да го приложат документот ако некаде им биде побаран.
Аеродромот во Виена има планирани летови за Доха, Дортмунд, Дизелдорф, Франкфурт, Хамбург, Минск, Лисабон и Софија, но и чартер летови. Забрането е слетување на авиони од високо ризичните земји.
