Министерството за здравство објави дека ниту еден од тестираните пациенти денеска, не е позитивен на коронавирус, и дека патниците кои биле во исто комбе со првозаболената пациентка, ќе бидат тестирани утре.
„Патниците од Струмица кои исто така поминаа 14 дена во домашна изолација, а пристигнаа со првата заболена пациентка на коронавирус ќе бидат тестирани утре“, велат од министерството.
