Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Турција. Во таа прилика патниците скокнале од автобусот низ прозорецот, неколку лица биле полесно повредени, додека едно лице се здобило со повреди кои се санирани на лице место.
Несреќата се случила на пат од Аланија каде престојувале туристите кон Анталија од каде летале за Србија. Според нашите неофицијални информации неколку лица се полесно повредени.
На едно лице му била укажана помош на лице место
Според информации, најмногу повредена е вработената во туристичката агенција, која наводно се здобила со расекотини.
Меѓу другите повредени, според патниците, имало и туристи кои скокнале од автобусот низ прозорецот. Објаснуваат дека настанала паника, и дека излегле од возилото во страв да не се запали.
Возачот заспал на воланот?
„Ни кажуваат и дека возачот заспал, и дека прво удрил во бандера, па во насипот. Не верувам дека бил пијан, беше пет часот наутро“, вели патник.
Тој исто така забележува дека за 40 минути пристигнал уште еден автобус и дека на аеродромот пристигнале навреме за нивниот лет. Според зборовите на агенцијата, патниците веќе пристигнале во Србија.
