Патот до Луковица без асфалт, жителите собираат пари, општина Желино молчи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во внатрешноста на Сува Гора, кај делот Дервен кај Полог се наоѓа селото Луковица. Има само една улица која води директно до ова село минувајќи низ Групчин, Мерово и Саларево. Но кај тесните планински улучки, односно на 11-от километар завршува асфалтот. До Луковица се оди по по макадам.

„Се наоѓаме во село Луковица во општина Желино, во ова село во моментов живеат само 20 жители, а според нив причина за празнењето на селото е и неасфалтираниот пат.“, вели репотерот на ТВ21.

Дракчо Пандовски е еден од жителите на ова село. Тој вели дека во Луковица има само 5 населени куќи, а во основното училиште веќе неколку години нема ниту еден ученик. Поради тоа вратите се затворени.

И Димитар се жали за патот и вели дека локалните власти досега не се сетиле да го направат.

Миле Симоновски, претседател на месната заедница на Луковица ја објасни иницијативата за изградба на патот.

Од општина Желино побаравме одговор дали има некаков проект или иницијатива, но портпаролот на општината иако вети дека ќе даде изјава, до почетокот на овие вести не се произнесе.