Во ваква состојба е овој пат кој се наоѓа на само неколку километри од центарот на Скопје, поточно во населбата Визбегово.
„Жителите на Визбегово се обвзами да поминат секој ден по овој неасфалтиран пат. Тие велат дека не можат да се движат со автомобили бидејќи тие им се расипуваат, а со најголем проблем се соочуваат децата кои се обврзани да стават кеси на нозете за да стигнат чисти на училиште.“, вели репортерката на ТВ21.
Шпетим Адеми, жител на Визбегово за ТВ21 изјави дека секој трети месец мораат автомобилите да ги носат на мајстор за да ги поправат бидејќи им се расипуваат поради многуте дупки на патот.
„Многу е тешко за децата кои одат на училиште, ова сега е санирано од нас, го направивме со тампон. Повеќето такси не доаѓаат до горе, не оставаат долу, фактички има 600 метри пат за да одиш …треба да пешачиме. Никој не сака да ја расипува колата.“, вели Адеми.
Мухамер Абдулахи, граѓанин на Визбегово:
-Сега скоро е отворено основно училиште, децата немаат услови да одат на училиште и да се вратат.
-Колку метри приближно е улицата до училиштето?
700-800 метра бидејќи на ридот е училиштето,не се сите од тука од целата населба.
Еден друг жител од оваа населба, Суат Сејдиу рече дека неколку пати на своја иницијатива ја санирале но повторно е уништена.
-Не е решение ние да ја асфалтираме постојано, ги расипавме автомобилите, јас имам 2 коли, комшијата има 3, сите му се расипаа, на секои 2-3 месеца ги поправаме, менуваме гуми, пукаат гумите“, вели Сејдиу.
Прашавме во општина Бутел кога ќе се санира оваа улица но до ова издание на вестите не добивме одговор.
