Иако беше ветено, Македонија минатата година не успеа да добие датум за старт на преговорите за членство во Европската унија. Но, каде е грешката? Поранешната заменик-министерка за надворешни работи, Арта Точи вели дека Македонија фокусирајќи се на надворешната политика, ги заборавиле внатрешните реформи
Од друга страна, Агрон Буџаку, кој беше амбасадор во Париз вели дека францускиот Претседател, Емануел Макрон, искористил два момента за да ја блокира Северна Македонија.
Мухамед Халили, кој исто така беше амбасадор, објасни кои би требало да бидат приоритетите за членство на една земја во структурите на ЕУ.
И додека Северна Македонија тежнее кон ЕУ, пред неколку дена Британците славеа што ја напуштија Унијата. Според Халили, причина за Брегзитот е големото финансирање на Велика Британија во ЕУ.
