Патот во Мороишта не е реконструиран 30 години – Мерко ветува дека ќе биде асфалтиран годинава

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Големи дупки и тешко прооден. По овој уништен пат секојдневно поминуваат жителите на струшкото село Мороишта. Велат дека во ваква состојба е повеќе од 30 години и дека секогаш добивале само ветувања за негово санирање, но досега, како што додаваат, не е преземено ништо. Доставиле и неколку барања до општината, но не наишле на слух.

Јавните превозници од селото кон градот сакаат да го укинат превозот поради лошата состојба на патот. Велат дека поминувајќи од тука ги уништуваат мини-автобусите и дека не им се исплаќа, истакнува Поповски.

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, за ТВ21 рече дека селскиот пат ќе биде саниран годинава.

„Таму изградивме две улици, едната во претходниот мандат, патот кој е најдолг, влезот на „Борис Кидриќ“ кој води до селото. Оваа година конкуриравме во Бирото за регионален развој. Проектот е прифатен и веруваме дека годинава ќе го реализираме тоа“, посочи Рамиз Мерко.

Првиот човек на Струга, вели дека освен оваа, ќе бидат санирани и улиците во с.Љубаништа кое се поврзува со Подгорци, како и патот во Татеши.