Патот Вранештица-Македонски Брод, неисчистен! – „Македонија пат“: Наскоро ќе се исчистат тревата, трњето и гранките

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Регионалниот пат Кичево-Македонски Брод не е исчистен од трева и гранки од дрвја околу коловозот. Најтешкиот дел е од селото Вранештица до Македонски Брод, каде не се гледаат ниту заштитните банкини, ниту сообраќајните знаци кои се покриени со трева и трњето. На овој дел од патот има многу ниви на кои се работи и земјоделците тешко доаѓаат од нивите до регионалниот пат бидејќи видливоста од тревата и трњето е значително намалена и тие претставуваат опасност во сообраќајот.

„Се наоѓаме на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод, овој пат стана како вистинска џунгла, на заштитните банкини почнаа да никнуваат треви и трње, додека знаците околу патот не се ни гледаат, овој пат не е целосно исчистен додека жителите се жалат дека е  премногу опасен за возачите“, вели репортерката на ТВ21.

ТВ21 побара изјава од јавното претпријатие „Македонија пат“. Од таму ни рекоа дека еден дел е исчистен, а останатиот дел наскоро ќе се исчисти бидејќи работите се закочени поради други активности.

„Го исчистивме од Кичево до село Вранештица, додека од Вранештица до Македонски Брод го одржуваат од Македонските Брод, имаа и некои други активности и малку доцнат, но наскоро и тој дел ќе се чисти, додека го исчистивме целиот до село Вранештица. Ќе разговараме со тие од Македонски Брод и доколку има потреба ќе помогнеме да се исчисти што поскоро“, велат од ЈП Македонски пат.

Ваква е состојбата и на многу други регионални и главни патни правци во државата, особено во пролет и лето кога растат тревата, грмушките и гранките од дрвјата околу коловозот, а со тоа се намалува видливоста на знаците и патот по кој поминуваат возачите.