Патот за Крушино повеќе од 5 години во иста состојба, изведувачите на активностите на автопатот се соочиле со проблеми

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Помина повеќе од 5 години, многу ветувања беа дадени но сепак патот кој води до рекреативниот центар Крушино во Кичево, е во иста состојба откако почнаа градежните активности на автопатот Кичево – Охрид.

„Овој уништен пат води кон Крушино, патот е уништен откако почнаа градежните активности на автопатот, посебно последните 5 години овој пат е во ваква состојба, а последната година е ископан уште повеќе бидејќи поминуваат и камионите кои го градат автопатот. За кичевци ова беше омилено место, а сега никој не го сака бидејќи за да одите до горе треба да поминете по прашина и целосно уништен пат.“, вели репортерката на ТВ21.

Кога ТВ21 првпат извести за состојбата на овој пат, ни рекоа дека имаат проблем со шумскиот инспекторат и со сечењето на дрвјата, истиот проблем го истакнаа и од Јавното претпријатие „Државни патишта“. По одредено време кога на терен не се развиваа работите за реконструкција на патот, за ТВ21 рекоа дека наскоро ќе почне реконструкцијата.

Денеска од компанијата „Гранит“ која е изведувач на работите на овој дел од автопатот, велат дека имале многу проблеми со споменатиот пат, прво со претпријатието Македонски шуми, а сега и со физичко лице кое поседува земјиште во овој дел..

„Правиме се да го санираме патот до црквата горе и до селото Кнежино, но наидовме на проблеми, не е само на еден проблем. Патот е тесен, едвај поминуваме со камиони, но штом заврши истражувањето и се решат некои проблеми кои се појавија со приватно земјиште, патот целосно ќе го санираме.“, велат од Гранит.

Изградбата на автопатот Кичево-Охир треба да заврши наскоро, кон крајот на оваа година, доколку се почитуваат сите временски и законски рокови. Со завршувањето на овој автопат се очекува да се поправат и патиштата и уличките кои ги користеа фирмите што ги изведуваат градежните работи на автопатот.