По новинарско прашање за тоа зошто во ова населено место нема вода, градоначалникот на општина Чучер Сандево, Јован Пејковски во изјава за ТВ21 посочи дека нема вода само во горните зони поради енормната потрошувачка на граѓаните.
Тој апелира граѓаните да трошат вода само во нормални количини.
„За хигиена, готвење и перење. Се друго е импровизација која што не тера да дојдеме во ваква ситуација. Вода има доволно од изворите, само да се троши рационално“, истакна Пејковски.
Пејковски додава дека некои од граѓаните, кои ќе бидат објавени и јавно, ја трошеле водата и за разладување.
„Купуваат базени сега, по 10-15 кубици, ги полнат и практично се разладуваат. Тоа е неприфатлива ситуација“, посочува градоначалникот.
