Претседателот Стево Пендаровски, го коментираше барањето од Бугарија да бидат и тие вклучени во процесот на уставни измени. Пендаровски го искоментира ова како скандалозно.
„Барањето од Софија е скандалозно. Такви барања може да упатуваат само окупатори кон земјите кои ги окупираат. Да се мешате во внатрешната политика на една земја во 21 век е несфатливо. Мислам дека во таа смисла одговорот на МНР беше соодветен околу тоа барање“, рече Пендаровски.
