Пендаровски ја поддржи одлуката за минимална плата за државните функционери

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот Стево Пендаровски рече дека ја поддржува одлуката на Владата сите државни функционери, меѓу кои е и тој, во следните два месеци да земаат минимална плата.

„Сметам дека мерката да земаме 14.500 денари плата во следните два месеци, е добра мерка. Сметам дека сите носители на државна функција треба да покажеме солидарност во следните месеци. За економијата периодот ќе биде многу тежок. И не само овие два месеци, се разбира доколку биде неопходно мерката и да биде продолжена“, рече Пендаровски.