Претседателот Стево Пендаровски, денеска беше во посета на Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика.
„Денеска лично се заблагодарив на вработените во Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија за посветената работа во овие тешки моменти. Изложени на висок ризик во својата работа им честитав за тимската и пожртвувана работа и за нивниот придонес во справувањето со последиците од ширењето на вирусот #КОВИД19.“, стои во објавата на профилот на „Фејсбук“ на Пендаровски.
