Претседателот на државата, Стево Пендаровски пристигна пред модуларната болница во Тетово каде вчера се случи страшна несреќа во која загинаа лица.
Во изјава за медиумите тој посочи дека не станува за намерно подметнат пожар, како што претходно се шпекулираше во јавноста.
„И во телефонски разговор со словенечкиот претседател Борут Пахор ме праша дали има сомнение дека пожарот е намерно подметнат за Денот на независноста, но до овој момент како што сум информиран нема индиции дека ова е направено намерно“, рече Пендаровски.
