Претседателот Стево Пендаровски, после лидерската средба истакна дека едногласно сите донеле заклучок дека здравјето на граѓаните останува и натаму приоритет. Исто така посочи дека од Комисијата за заразни болести ќе бидат побарани мерки и препораки на однесување во изборен процес во време на пандемија од Ковид-19.
Од ОБСЕ/ОДИХР ќе биде побарана временска рамка во која ќе може да испратат набљудувачи за изборниот процес.
