Претседателот Стево Пендаровски денеска разговарал со Даниел Димитровски, кој бил заболен од Ковид-19, но успеал да се излечи. Тој за вирусот зборувал јавно, сакајќи да ги заштити своите најблиски, а претседателот Пендаровски смета дека тоа е вистинскиот начин.
„Денеска поразговарав со Даниел Димитровски којшто по два негативни резултати, е излечен од #COVID19. Даниел вели дека кога почувствувал дека има покачена температура, им се јавил на сите со коишто контактирал. Откако кај него било потврдено присуство на #COVID19, тој објавил и јавно поради, како што вели, грижа за здравјето на блиските. За овој вирус сметам дека е добро да зборуваме јавно и отворено бидејќи на тој начин покажуваме поширока општествена одговорност. Никој од заболените не е виновен зошто се разболел и не треба да биде осудуван или стигматизиран од околината.“, напиша Пендаровски.
