Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски преку својот профил на „Фејсбук“, апелираше сите да пласираат само проверени и релевантни информации околу коронавирусот, за точно инфомирање на јавноста и за нашите сограѓани кои работат во странство, особено во ризичните земји.
„Во услови на карантин и самоизолација, во кои се наоѓаат повеќе наши сограѓани, социјалните медиуми и онлајн медиумите се медиуми од кои добиваат информации од прва рака, да им олесниме и да им дадеме поддршка. За нашите сограѓани кои живеат и работат во странство, особено во ризичните земји, социјалните медиуми се единствен начин да останат во комуникација и поддршка со своите семејства, да го имаме ова на ум. Од сите нас зависи каков амбиент ќе креираме во комуникацискиот простор, особено на социјалните медиуми. Потребен е простор во кој колективно и одговорно ќе споделуваме верификувани, релевантни и корисни информации.
