Пензионерите на нозе! – Минимална пензија од 18.000 и линеарно покачување од 3500 денари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Стотици пензионери од целата земја се собраа на протест пред Сојузот на здруженијата на пензионери. Тие побараа средба со претседателката Станка Трајкова, која не го поддржува протестот, но не ги прими. Главните барања се минимална пензија од 18.000 денари и Владата да им ги зголеми пензиите линеарно за 3.500 денари.

Пензионерите испратија многу пораки до државните органи, меѓу кои и до министерот за здравство за немањето ленти за дијабетичарите и поскапувањето на лековите.

Оттука отидоа кај министерството за труд и социјална политика за да ги достават нивните барања. Бараат и зголемување на надоместокот за социјална помош за лицата кои останале без работа до остварување на правото на пензија и зголемување на надоместокот за мобилност.