Одамна не се сретнале, а денеска овие двајца стари пријатели се најдоа пред владата во знак на протест каде стотици пензионери од цела држава излегоа со исти поплаки и барања.
Линеарното зголемување на пензијата од 5.000 денари и минималната пензија од 20.000 денари, како и промената на методологијата за зголемување на пензиите, се главните барања на пензионерите. Меѓу другото, незадоволни се и од септемвриското зголемување од шест отсто.
-Луѓето немаат доволно храна, немаат доволно лекови… повеќето се инвалиди, бидејќи јас сум претседател на инвалидите на Тетово, сите се болни и немаат доволно пари за лекување.
-Не излажаа, не ни ги покачија пензиите. Ни требаат повисоки пензии. Поскапен е животот со пензии од 200 евра, не се живее, ¬ што да купам со 200 евра, ништо, мора да ни се покачат пензиите.
Прво се собраа пред американската амбасада во Скопје, а потоа протестот го продолжија пред Владата. Но, на средбата не им посакаа добредојде ниту од амбасадата, ниту од Владата, но рекоа дека нема да се откажат.
-Во амбасадата трипати се обидов да стапам во контакт со делегацијата за да влезат пензионерите да се сретнат, иако испративме писмено барање, да ги информираме за нашите проблеми и за проблемите што ги имаме со владата, со министерката Тренчевска од Министерството за труд и социјална политика.
Инаку, ставот на министерството е дека според законот за пензиско и инвалидско осигурување нема основа за линеарно усогласување на пензиите.
