Пензионерите продолжуваат да се возат во вторник – Филипче: Ќе се зголеми бројот на автобусите на ЈСП

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Патувавме со јавен превоз. Приватен автобус, но хигиената е на потребното ниво. Меѓу патниците имаше и млади, но доминираа пензионерите. Ова се случува иако Владата ги укина картичките за бесплатно возење во вторник и четврток. Вниманието ни го привлече големиот број патници….
Зошто не се почитува превентивната мерка од коронавирус – меѓу две лица да има оддалеченост најмалку 1 метар? Поради ова, министерот за здравство, Венко Филипче донесе одлука да се зголеми бројот на автобусите.

Претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филипоска Грашоска, рече дека автобусите се задолжени да вршат дезинфекција.

Инаку, најмногу патници се забележани на Бит Пазар.