Перински за албанската Академија: Пристапот не носи ништо добро, го нарушува концептот на заедништво!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска во емисијата „Daily Click“ на ТВ21 проговори за најавата за албанската Академија.

Тој вели дека МАНУ е академија која пред се е реномирана и не селектира кадар врз основа на националност, етникум, на верска или партиска определеност.

„И тоа е доказ дека луѓето кои творат во рамки на оваа институција се од различни националности. Јас навистина бев изненаден од тоа што го слушнав од медиумите за формирање на паралелна институција МАНУ. Сметам дека пристапот за формирање на институцијата не носи ништо добро, практично го нарушува концептот на заедништво“, вели Перински.