Пет илјади евра казна за покачување на цените – Бектеши: Има доволно храна, нема место за паника

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Државата ќе им помогне на домашните производители со ослободување на плаќање одредени такси за основните производи, истакна министерот за економија Крешник Бектеши. Тој уште еднаш рече дека нема потреба за паника бидејќи има доволно храна.

„Имавме можност да се сретнеме со сите производители на прехранбени продукти во РСМ кои не информираа дека има доволно храна. Има капацитети доволно за производство на прехранбени производи во нашата земја. Ние како влада излеговме во пресрет и од денеска ќе преземеме конкретни мерки за ослободување од такси и царини за основните производи“, истакна Крешник Бектеши.

Стојко Пауновски од Управата на Државниот инспекторат рече дека компаниите кои нема да ги почитуваат правилата и ќе ги покачат цените, ќе има казни до 5 илјади евра. Според Пауновски, сите цени кои се покачени до 11 март ќе се вратат како претходно.

Министерката за финансии, Нина Ангеловска рече дека денеска ќе се сретне со Комитетот за финансиска стабилност за да донесе одлука да се одложат ратите за кредити за граѓаните и домашните компании.

Од Здружението на земјоделци, Ѓорѓи Петрушев рече дека земјоделската индустрија е мобилизирана во целост и дека нема место за паника.