Пет лица се повредени во пожар во ресторан во близина на Лондон

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пет лица се повредени, од кои три потешко, во пожар во ресторан во градот Илфорд во близина на Лондон, за кој се сомнева дека е подметнат, соопшти денес локалната полиција.

Три жени и двајца мажи се повредени. Пожарот избувнал во петокот кратко по 21:00 часот во ресторанот „Индијан Арома“ на авенијата Вудфорд во Илфорд, јавува „Скај њуз“.

Тие биле пренесени во болница, а три лица се здобиле со повреди опасни по живот.