Пет лица загинаа, а најмалку седуммина се повредени во напад на руските сили врз автобус во областа Никопол во Украина, соопшти денеска шефот на Дњепропетровската воена управа, Александар Ганжа.
„Русите го гаѓаа автобусот со дрон. Пет лица загинаа на самото место“, наведе Ганжа во објава на Телеграм.
Тој додаде дека седумтемина повредени во моментов се под медицински надзор.
