Пет наставници кои држеле онлајн настава, позитивни на Ковид-19

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пет наставници кои држеле настава онлајн од дома, се позитивни на Ковид-19. Ова го соопшти министерската за образование, Мила Царовска.

Таа напомена дека претходниот случај со деца во изолација е единствен случај во државата.

„На цела држава ова е единствен случај каде што имаме деца во изолација. Имаме друг случај каде што пет наставници се позитивни, но тие држеле настава онлајн од дома“, рече Царовска.

Наставниците не биле во контакт ниту со свои колеги, ниту со деца.

Царовска напомена дека наставата тече и кај оние 17 ученици кои се во изолација.