Нелегалните лекови имале две дестинации, дел за Македонија, дел за соседните земји

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дел од нелегалните лекови запленети во вчерашната полициска акција во Македонија биле наменети за домашниот пазар, додека другиот дел бил наменет за странскиот пазар, соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, говорејќи за акцијата за шверц на лекови, суплементи и други предмети.

Тој рече дека истрагата започнала со оперативни дејствија и вештачење на мобилни телефони, додека дополнителните докази довеле до откривање на групата. Против осум лица се поведени постапки. Обвинителството наредило спроведување истражна постапка поради сомневања за шверц, царинска измама, поткуп и перење пари.

„Дел од нив биле за домашниот пазар, додека дел, според првичните информации што ги имам, биле за пазарот на територијата на нашите соседи. Добро е што оваа постапка и оваа акција се преземени координирано во соработка со Јавното обвинителство, врз основа на претходните постапки кои, да кажеме, ги започнавме и ги конкретизиравме во рамки на одземените телефони за време на првата акција што ја имавме пред извесно време. Таму беа изведени дополнителни докази кои нè доведоа до откривањето на оваа криминална група, да кажеме огранок на криминалната група“, изјави Тошковски.