Министерството за труд и социјална политика соопшти дека по повод празникот Духовден, петок е неработен ден за граѓаните од правоиславна вероисповед.
„Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РM („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07), 05 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православна
вероисповед им го честита празникот.“, се вели во соопштението.
