Петриња повторно се тресе – нов земјотрес попладнево во Хрватска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тлото во хрватскиот град Петриња денеска повторно се тресеше, откако денеска во 15:44 часот е регистриран земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот бил на 7 километри од Сисак, односно 48 километри од Загреб, на длабочина од 15 километри. Засега нема пријави за материјална штета.

Петриња пред седум месеци го потресе силен земјотрес, при што загинаа четири лица.