„Платата во пошта, социјална помош“ – ова беше еден од транспарентите кои ги држеа на раце вработените во Македонски пошти. Протестираа поради ниските плати, ненавремената исплата и лошите услови.
Претседателот на Синдикатот, Боро Велигденов, вели дека 80 отсто од вработени во Македонска пошта се со просек на минимална плата и без здравствено осигурување. Има недостаток на работници во технолошкиот процес, каде што најмногу се потребни работниците, а тоа се пошта-разнесувачи, а како резултат на тие политики имаме преполни работни места во администрација и шефовски позиции, истакна Велигденов.
Од синдикатот посочуваат на лошата организација на работата, небезбедните работни услови и средства, додека пак велат дека најголемата загриженост и револт кај работниците доаѓа како резултат на грубото непочитување на работничките права.
Во спротивно, доколку не се исполнат барањата на вработените, од синдикатот најавуваат дека протестот ќе продолжи, а синдикалните организации ќе ја започнат процедурата за организирање на штрајк.
