Пленковиќ „преживеа“, не помина гласањето за недоверба на хрватскиот премиер

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Собранието на Хрватска, денеска се гласаше за отповикување на премиерот Андреј Пленковиќ, но истиот не помина.

Против гласаа 76 пратеници, а за беа 64, со што немаше доволно гласови за да се случи негово отповикување.

Хрватските пратеници денеска треба да ја изгласаат и новата министерка за здравство, која доаѓа на местото на Вили Берош, кој беше уапсен поради скандали.