Пленковиќ за Сребреница: Не смееме да дозволиме вакво зло да се повтори

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По повод одбележувањето на годишнината од геноцидот во Сребреница, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека „никогаш не смееме да дозволиме да се повтори такво зло“.

„Со чувство на длабока почит кон жртвите и нивните семејства, се сеќаваме на геноцидот во Сребреница, во кој беа егзекутирани повеќе од 8 илјади невини бошњачки мажи и момчиња. Никогаш не смееме да ги заборавиме нивните маки или да дозволиме такво зло да се повтори“, објави Пленковиќ на Твитер.