Денеска со одигрувањето на првото коло во Првата македонска фудбалска лига, стартуваше шампионатот. Четири нерешени средби и две победи на домашните екипи е исходот од денешните шест натпревари.
Само Работнички и Македонија ЃП успеаја да слават минимални победи со по 1:0 над Борец, односно Пелистер. Големите фаворити Шкендија и Шкупи одиграа нерешено и без голови на гости кај Тиквеш (во Прилеп) и против Брегалница во Штип.
1:1 заврши мечот помеѓу Ренова и Скопје, а со истиот резултат финишираше мечот во Струмица, помеѓу Академија Пандев и Струга Трим Лум.
Standings provided by SofaScore LiveScore
