По 25 години: Конечно ќе биде изложена венчаницата на принцезата Дијана

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Венчаницата на принцезата Дијана ќе биде изложена јавно во палатата Кенсингтон, откако нејзините синови, принцовите Вилијам и Хари, се согласија да го позајмат легендарниот фустан.

Дајана го носеше познатиот фустан, кој беше украсен со превез од дури 7,5 метри, на нејзината венчавка со принцот Чарлс во катедралата Свети Павле во Лондон во 1981 година.

Од јуни оваа година, јавноста ќе има можност да ја види венчаницата со најдолгиот шлеп во кралската историја во живо во кралската резиденција во западен Лондон, каде живееше Дијана.

Фустанот, дизајниран од Дејвид и Елизабет Емануел, е украсен со многу светки и бисери, како античка чипка што првично и припаѓал на кралицата Мери.

Венчаницата ќе биде изложена во палатата Кенсингтон за прв пат по 25 години.

Насловена како „Кралски стил во создавањето“, претставата ќе се осврне на темата за односот помеѓу дизајнерите и нивните кралски клиенти. Покрај венчаницата на Дијана, на изложбата ќе бидат прикажани и неколку важни и никогаш претходно изложени модни парчиња облека, како што е ткаенината што се користела за шиење на фустанот што го носела кралицата Елизабета Втора во 1937 година.