По 4 месеци повторно над 1.000 нови случаи на коронавирус во Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По четири месеци, повторно над 1.000 нови случаи на коронавирус се регистрирани во Македонија.

Имено, секојдневните биланси за состојбата со ковид-19 покажуваат дека во државава последен пат имало над 1000 нови случаи на ковид-19 на 13 март кога биле регистрирани 1.031.

Во последните 24 часа се направени 6.802 тестирањa, а регистрирани се 1.081 нови случаи на КОВИД-19.

Регистрирани се и 91 оздравени пациенти, а пријавени се 15 починати лица.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 164.529 бројката на оздравени пациенти е 151.235, на починати е 5.589, а бројот на активни случаи изнесува 7.705.