По 86 дена се укинува вонредната состојба – Пендаровски: „Доколку нема избори, државата влегува во политичка и безбедносна криза“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„Имајќи ги во предвид причините кои ги прогласував сите претходни вонредни состојби сметам дека во овој момент нема потреба да прогласам нова вонредна состојба“, рече Пендаровски.

По 86 дена, Македонија излегува од вонредна состојба. Одлуката е од страна на претседателот, без барање од страна на Владата. Оправдувањето е дека Владата има доволни количини на заштитна и медицинска опрема и донесените мерки за поддршка на националната економија со покритие во буџетот.

Вонредната состојба не беше воведена дека и не може да се споредува со бројот на заразени тогаш и сега, рече претседателот Стево Пендаровски.

„А мерките од типот полициски час, карантин и кризна состојба на дел или целата територија на државата, постои законска регулатива и воопшо нема потреба да се воведува вонредна состојба за да се применуваат тие мерки.“, изјави Пендаровски.

Осврнувајќи се на процесот за избори, претседателот потенцираше дека тие воопшто не се поврзани со датумот за избори. Рече дека избори може да се одржат и во вонредна состојба, само ќе треба Владата да направи измена во уредбата со законска сила.

Ги повика лидерите на политичките партии уште денеска да седнат на маса и да постигнат договор околу датумот за избори, што доколку не се случи, Пендаровски рече дека тоа би значело почеток на нова криза.

„Доколку не успееме да се договориме за транспарентен и инклузивен изборен процес тоа ќе значи влез во длабока политичка криза, ако го погледме поширокиот регион во кој се наоѓаме и обидите за негова дестабилизација преку хибридни закани и лажните вести, не можеме да исклучиме дека евентуалната правна и политичка криза нема да прерасне во безбедносна.“, вели Пендаровски.

Ставање на државните над партиските интереси е главната порака која им ја упати претседателот на лидерите на политичките партии. Повика на што поскоро договор, за да не се направи уште поголема внатрешна криза со што би се довела под знак прашалник и европската перспектива како и поткопување на напорните за спраување со коронавирусот.

Доколку партиските лидери тактизираат дали 5-ти или 8-ми јули, претседателот е и подготвен да прогласи нова кратка вонредна состојба, само за да се одржат изборите.

На територијата на цела држава четири пати беше продолжувана вонредната состојба, со оправдување дека институциите се нефункционални поради распуштеното Собранието, а со државата раководи техничка Влада, за која денеска претседателот рече дека била нефункционална.