По изјавата на Меџити – Мурат за ТВ21: Остануваме во Европскиот фронт, се друго е шпекулација!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Салих Мурат од Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија, партијата која е дел од Европскиот фронт, за ТВ21 ги демантира изјавите на лидерот на Демократско движење, Изет Меџити дека неколку пратеници од оваа коалиција ќе преминат во новото владино мнозинство.

Мурат за ТВ21 вели дека немало разговори за тоа да преминат во новото мнозинство и нема потреба да има.

„Ние сме дел од Европскиот фронт и остануваме во Европскиот фронт. Се друго е шпекулација. Вакви разговори никогаш немало и нема потреба да се прават. Ние сме победници во нашиот фронт и волјата мора да се почитува. ВЛЕН мора да одговори на нивните националистички изјави дека нивните гласови се чисти. Што значи ова, дека нашите не се чисти? Турци, Роми, Бошњаци, да не не сме ние граѓани на оваа држава“, изјави Мурат за ТВ21.

Инаку, иако Меџити во изјавата не кажа имиња на пратеници, сепак даде до знаење дека се работи за пратеници од двете турски партии.