По одбиената кривична пријава на Ременски – Рускоска: „Правник или обвинител може да цени, а не социолог“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Одбиена е поднесената кривичната пријава на Фросина Ременски за набавката и опремување на три лаборатории на Факултетот за безбедност кои според неа станале сопственост на Министерството за внатрешни работи, преку фалсификувани документи кои ги подготвиле 9 лица од МВР.

„Јас мислам, со длабоко убедување е фактот дека оваа кривична пријава, најодговорно сметам дека тоа е така е предмет на политички договор. Ова го аргументирам со фактот што лицата кои што се допрени со оваа кривична пријава биле премногу во хиерархијата на минатата Влада.“, вели Ременски.

Ременски не е задоволна од одлуката, па поднела нова против обвинителката Гордана Смаќоска. Но, кој е ставот на шефицата за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковка?

„Да, запознаена сум со одлуката на колешката која ја има донесено, ја имам прочитано. Поранешната пратеничка доби скратена верзија од одлуката, така што апсолутно сметам дека одлуката е исправна.“, рече Рускоска.

Поднесувањето на кривичната пријава за обвинителката, за Ременски значи и почеток на чистката во јавното обвинителство.

„Мене ме судат за углед и авторитет, очигледно тие што го немаат, па треба некого да судат.“, вели Ременски.

„Тоа дали има кривично дело или не, може да цени обвинител или правник, а не дипломиран социолог.“, рече Русковска.

Ременски додава дека голем број од актуелните функционери се свесни за криминалот кој е направен, но не преземаат ништо.

„Доволно долго зборувам на оваа тема, за да Министерот за внатрешни работи не најде за сходно да си го испита криминалот во сопствените редови. Но не оној за неносење маски или дисциплински за доцнење на работа, туку оној крупниот.“, изјави Ременски.

Став по ова прашање се обидовме да добиеме и од Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, но не добивме. Како професор на факултетот за безбедност, Ременски додаде дека ниту попис ниту избори може да се реализираат со отисок од прст, бидејќи бази со податоци за смее да има само МВР, а изборите ги спроведува независно тело.