По распишана потерница МВР уапси крадец – направен е и претрес во неговиот стан

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На ден 20.12.2020 година пријавено е кривично дело „Тешка кражба” во манастир св. „Кузман и Дамјан” м.в. Брзовец, во атарот на с.Говрлево од каде сторителот со употреба на погоден алат ја скршил металната каса и одземал околу 30.000 денари и го напуштил лице местото.

По добиени оперативни сознанија констатирано е дека можен сторител е лицето Г.В од Крива Паланка. По лицето била распишана централна потерница и истиот на 21.12.2020 година е лишен. По извршен разговор Г.В го признал делото.

На 21.12.2020 година бил извршен и претрес во неговиот привремен дом во Кисела Вода.

Кривичен суд Суд Скопје му одреди притвор во траење од 8 денови.