Италијанската фудбалска репрезентација ја совлада Турција со 3:0 на стартот од ЕУРО 2020.
Италија имаше целосна доминација на натпреварот, но го „скрши“ отпорот на Турците дури во вториот дел. Во 53. минута Демирал со автогол ја донесе Италија во водство, а во 66. минута Имобиле зголеми на 2:0. Инсиње во 79 минута стави „печат“ на победата.
Ова беше деветти меч на кој Италија не прима гол во сите натпреварувања. Турција, пак, целосно разочара. Имаше само еден шут кон голот на Донарума, премалку да се направи нешто. Италија 28 натпревари се без пораз во сите натпреварувања.
