Маи Вилан, победничката на реалноста игра Squid Game, тврди дека сè уште не ги добила парите од Нетфликс.
55-годишната жена требало да земе 4,56 милиони долари како награда, но таа тврди дека „не видела ниту денар“.
Виетнамскиот имигрант победи уште 455 играчи во реалното шоу. “Се чувствувам како Том Круз во Џери Мегваер. Дај ми ги парите!”, изјави Маи за Тајмс по емитувањето на последната епизода.
Таа во финалето победи 27-годишно момче
Таа исто така откри дека договорите што ги потпишале како учесници во играта им забрануваат да даваат какви било добивки на други натпреварувачи.
Таа вели дека кога ќе ги добие парите, ќе ги донира.
„Ќе задржам нешто за себе, стара сум и сакам наскоро да се пензионирам, па затоа сакам да се погрижам јас и мојот сопруг да имаме доволно за да се пензионираме и сакам да помогнам и во добротворни цели“, претходно кажа таа.
Инаку, Маи во финалето го победи инструкторот за нуркање Фил Кејн (27).
“Мислам дека не сум попаметна од него. Постара сум и доживеав се. Тоа е само знаење. Одигравме фер игра. Мислеше дека заслужив да победам бидејќи го победив во лист, хартија, ножици ,” рече таа.
Таа тврди дека не се подготвувала специјално за играта, туку само повторно ја гледала ТВ серијата на која се базирала оваа игра.
Потсетуваме, покрај натпреварувачкиот дел од реалното шоу, гледачите имаа можност да се запознаат и со кандидатите кои објаснуваат зошто се пријавиле во шоуто, а повеќето од нив имаат тешка или емотивна животна приказна зад себе. Реалното шоу е базирано на глобалната хит корејска серија Squid Game.
