Почина Филип Христов, долгогодишен член на раководството на РК Металург

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

 Почина Филип Христов – човекот кој голем дел од својот работен и животен век посвети на ракометот.

– Ракометната и спортската јавност воопшто, денес изгубија еден вреден спортски работник и редок професионалец. Првенствено препознатлив како дел од раководната структура на РК „Металург“ три децении наназад и директен учесник во формирањето на машката и женската екипа, Филип Христов својот спортски стаж го заокружи со ангажман во РФМ, како дел од комисијата за натпреварување, објави РФМ на својата веб-страница.

Ракометната федерација на Македонија упатува искрено и длабоко сочувство до семејството Христови.