Сообраќајката која попладнево се случила во Трубарево, ја одзеде и втората жртва. После возачот на моторот, почина и 10-годишно дете, кое беше пренесено во болница.
Несреќата се случила кога возач со голема брзина удрил во мотор, а потоа и во дете – пешак. Неофицијално има уште едно повредено лице од оваа сообраќајна незгода, кое се наоѓа во тешка состојба.
Очевидците тврдат дека возачот на „БМВ“ бил во видно алкохолизирана состојба. Набрзо пристигнала брзата помош. На лице место загинал возачот на моторот, а детето беше однесено на „Карил“ каде им подлегнало на повредите.
