Почина Маја Вапцарова, внука на Никола Вапцаров

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Маја Вапцарова, внука на Никола Вапцаров почина на 80-годишна возраст во Бугарија.

Маја е внука на Никола Вапцаров, кој бил член на Сојузот бугарските писатели, и најголем талент меѓу Македонците кои твореле на други јазици, освен на македонски. Тој недвосмислено изјавувал дека е Македонец, и покрај тоа што создавал на бугарски јазик.

Таткото на Маја, Борис е брат на Никола Вапцаров. Нивниот татко Јонко Вапцаров, учествувал во револуционерното движење за ослободување на Македонија од турското ропство: најпрвин во Илинденското востание, потоа во изгонувањето на Турците во 1912 година.

Маја Вапцарова е позната режиреска и поетеса. Во 1969 година таа диполомирала филмска режија во Будимпешта. Во 2007 година била избрана на Советот за електронски медиуми во Бугарија.