Почина познат американски актер

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Филмскиот и телевизискиот актер Питер Нави Тујасосопо , познат по улогите во филмот „Уличен борец“ и серијата „НЦИС“, почина на 61-годишна возраст. Тажната вест ја објави неговиот син на социјалните мрежи.

– Татко ми живееше неверојатен живот и неговото влијание никако не завршува тука. Ќе продолжиме да живееме со него во дух и колку и да сме тажни, тој без сомнение е на рајот со своите браќа, сестри, родители, ќерки и Исус и повеќе не боли. Неговата љубов, сочувство и добрина ќе се чувствуваат засекогаш  “, напиша Маноа Маноа Питер Тујасосопо во објава на Фејсбук.