Почина Саша Поповиќ, познат српски естраден уметник

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По кратко боледување, почина Саша Поповиќ, познат српски естраден уметник и основач и директор на Гранд продукција.

„Со голема тага ја информираме јавноста дека денеска по кратко и тешко боледување, почина Саша Поповиќ, основач и креативен директор на Гранд продукција“, стои во соопштението на Гранд продукција.

Поповиќ е роден 1954 година во Нови Сад. Тој во минатото беше дел од бендот Лепа Брена и Слатки грех, а потоа преку музиката и телевизијата, откри и поддржа бројни таленти во пеење преку неговата продукција.