Бројот на жртвите од трагичниот настан во Кочани достигна 60. Почина 29-годишниот Александар Карадаковски, еден од 4-та пациенти кои беа во критична состојба. Тој се лекувал во Литванија.
„Станува збор за Александар Карадаковски, кој има 29 години и се лекуваше во Литванија. Сакам да изразам искрено сочувство до семејството. Добрата вест за денеска е што од вкупно 100-98 пациенти кои се лекуваат, останаа само 78 пациенти кои се лекуваат овде во Скопје и во странство. Во Скопје има 14 пациенти, од кои 5 денеска се отпуштени бидејќи се во добра состојба, а во Скопје има само 9 пациенти кои закрепнуваат. Во странство остануваат 69 пациенти, а 6 се враќаат денеска“, вели Арбен Таравари.

Директорот на болницата „Св. Наум Охридски“ Небојша Настов соопшти дека починатиот имал тешки изгореници на главата, вратот и екстремитетите.
Основното јавно обвинителство-Кочани ја прекина постапката против Александар Карадаковски, кој се водел како управител на дискотеката „Пулс“.

„Бидејќи денешната 60-та жртва од катастрофалниот пожар во Кочани е лице кое и претходно било инволвирано во истражната постапка, во својство на управител на правното лице, Основното јавно обвинителство Кочани ќе издаде наредба за прекин на истражната постапка за него, по добивање на официјалната документација за причината за смртта“, велат од Обвинителство Кочани.
По смртта на Карадаковски, кој беше еден од пациентите во критична состојба, Таравари рече дека уште 3 пациенти кои се лекуваат во странство се во тешка состојба.
