Одеа по улици полни со кал, безнадежни и револтирани. Вака се чувствуваа жителите на селото Лешница, кичевско, пред два месеца кога ги посети екипата на ТВ21.
Но, денеска среќни и задоволни се шетаат по улиците кои почнаа да се асфалтираат и прошируваат.
„Она што го вети, почна да го реализира. Презадоволни сме целото село… Навистина сме пресреќни“, посочи еден од жителите.
„Навистина сме презадоволни, бидејќи ова беше приоритет за жителите кои газеа кал. Меѓутоа, дојде моментот и овој проект да се реализира со голема мака и пожртвуваност. Сите селани, не само во селото, туку и во дијаспората се презадоволни“, додаде друг жител.
Во селото го сретнавме и градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, кој вршеше увид во градежните активности. Како што вели, жителите му даваат мотив да работи во секоја населба.
„Со години имаа доверба во нас и нема ништо подобро, нема поголемо богатство од љубовта што ти ја даваат луѓето, гостопримството и почитта. Денеска во оваа село се чувствувам многу добро пречекан, со љубов и почит која ми ја укажуваат. Ова е мојот најголем мотив за да продолжат колку и да е големо или мало некое населено место, да ги вршам обврските и барањата на граѓаните во секој дел од градот, во оваа општина, во урбано или рурално населено место“, посочи Фатмир Дехари, градоначалник на Кичево.
Во селото Лешница ќе се санираат и дупките на главниот пат кој води кон селото. Дехари рече дека пред локалните избори треба да заврши уште неколку големи проекти. Додава дека поради пандемијата одредени проекти останале недовршени, но во текот на наредните месеци, како што уверува, ќе ги надомести сите нереализирани активности.
