Поделба во АА меѓу Фетаи и Алиу – Меџити: Важно е дека тие се спојуваат во ВЛЕН

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова беше фотографија од крајот на годината, направена заедно со дел од членовите на коалицијата ВЛЕН, на која еден до друг се Азир Алиу и Арбен Фетаи. Двајцата, како дел од АА, но сега на ифтар одат одделно. Но, кој од нив ја има поддршката на ВЛЕН?

Изет Меџити, запрашан дали доколку биде поканет ист ден на ифтар од крилото на Азир Алиу или од Арбен Фетаи, кај кого би одел, одговори:

„Прво, тоа ќе биде ифтар на ВЛЕН, така што не може да има два ифтара, туку ќе има една вечера. Нема да се оптоваруваме со тоа прашање. Бидејќи тие не прават заеднички ифтар? Мислам дека и двајцата се во ВЛЕН и дека и двајцата донеле одлука за спојување во ВЛЕН… Тоа е внатрешно прашање на АА, но мислам дека поважно е ВЛЕН, бидејќи АА, ДД, Беса, Алтернатива ќе бидат уште една-две недели до спојувањето во ВЛЕН. Не е важно во овие недели кој ќе биде претставник на ДД, АА и другите.“, порача Изет Меџити.

Во меѓувреме, пратеничката од фракцијата на АА, Мимоза Муса, се приклони кон министерот за здравство Азир Алиу, кој ја доби поддршката и од независниот пратеник Илир Демири, кој мандатот го освои како кандидат на АА на Зијадин Села. Алиу изјави дека тежината на политичките партии се мери според бројот на пратеници.

Фетаи не сака да зборува за последните случувања. Во неговиот последен став тој изјави:

„Структурите на новиот концепт ‘Нова Алијанса’ ме овластија да ги водам преговорите за формирање на ВЛЕН во една партија. Основачкото собрание со овој концепт направи стратешки чекор кон посилна и поунифицирана политичка структура. Сите други актуелни органи се суспендирани.“, вели Арбен Фетаи.

Меџити изјави дека во рок од две недели ВЛЕН и правно ќе се спои во една единствена партија, а во кадровска смисла додаде дека и по евентуалната реконструкција на Владата ќе го поддржи Арбен Фетаи во извршната функција и дека е задоволен од неговата работа во Владата.